Бритни Спирс рече дека додека 13 години била под старателство на својот татко Џејми Спирс, тој ја дрогирал. Сега вели дека сака да го сподели своето искуство со јавноста и правдата да излезе на виделина.
На социјалните мрежи, каде што ја следат повеќе од 40 милиони фанови, таа постојано ги споделува своите чувства, а неодамна во една од своите објави, која ја избриша, ги нападна сите оние што ѝ предизвикуваа маки и ѝ посакаа да страда.
„На овој свет очигледно е во ред да ја заклучите својата ќерка и да ја натерате да работи седум дена во неделата, 10 часа на ден, без ниту еден слободен ден. Немав право на приватност, ме гледаа кога се пресоблекував, ме дрогираа, не смеев да зборувам. Морав постојано да им бидам на располагање на лекарите, а ако не стигнев на време, морав да останам подолго“, рече Бритни.
„Никогаш не ми кажаа кога можам да си заминам. Морав да си легнувам секоја вечер во 21 часот. Сето тоа ми се случуваше цели четири месеци за време на мојот 13-годишен притвор. Давав сè од себе и работев за на крајот да бидам одбивана. Не му значев ништо на моето семејство, им бев марионета која мораше постојано да работи и да глуми на сцената за да биде сè во ред. Најлошо од сè е фактот што сето тоа беше прифатено од јавноста, од публиката што најмногу ја сакав“, дополни Бритни.
Пејачката рече дека не е во ред тоа што луѓето што ѝ наштетиле потоа се извлекле, а на своите фанви им порача дека не се сами ако се плашат за својот живот:
„Мислам дека по 13 години затвор, време е да одам на одмор бидејќи никој никогаш не треба да се однесува како мене. Бев деморализирана и засрамена. Никој не треба да го доживее тоа што јас го доживеав. Причината поради која го велам ова е дека прекинувањето на притворот е голема работа, но остана само на тоа. Сите се извлекоа. Во шок сум. Ако и вам четири месеци постојано ви се закануваат и вие би се нервирале. Но, нема да престанам да се борам. Сакам правда и нема да престанам сè додека не се преземе нешто со оние луѓе што ми нанесоа голема штета бидејќи сега сум многу повредена. Ова е порака до сите што се плашат за своите животи. Не сте сами“, рече Бритни.