Пејачката Бритни Спирс (36) на годинашното доделување на „Наградите за убавина“ се појави во проѕирен фустан што ја откри нејзината совршена линија.
Најголем негативен впечаток, сепак, оставија нејзините сандали, кои ѝ беа прекратки.
Бритни важи за една од најзгодните музички ѕвезди и каде и да се појави никој не останува рамнодушен на нејзиниот изглед, а многу од нејзините колешки од шоу-бизнисот ја копираат.
Сепак, нејзиното појавување на неодамнешното годишно доделување на „Награди за убавина“, како што стојат работите, никој нема да сака да го копира.