Бруклин Бекам за свршеничкиот прстен потрошил 200.000 долари

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин, потрошил 200.000 долари за свршеничкиот прстен за девојката Никол Пелц, пишува британски „Мирор“. Бруклин по големиот број бурни врски, се сврши со својата девојка Никол, со која е во врска девет месеци.

Среќните вести на социјалните мрежи ги сподели мајка му Викторија. Таа објави заедничка фотографија на која се гледа прстенот.

Прстенот изгледа како смарагден дијамант од 4,5 до 5 карати. Според моја процена, неговата цена изнесува од 150.000 до 200.000 долари“, изјавил Шенон Делани Рон, експерт за накит.

Викторија вели дека е обожавател на скапоцени прстени, а таа исто како и Дејвид е среќна поради свршувачката на синот.

„Дејвид и Викторија го дадоа својот благослов. Ова е многу возбудлив период за целото семејство и драго им е што по турбулентните врски на нивниот син, на крајот, конечно, Бруклин застана на нозе“, вели извор близок до семејството.

Двојката врската ја откри во јануари, а целиот тој период го поминаа во карантин. Никол се пресели кај Бруклин во Њујорк по само пет месеци врска.

 

 

Scroll to Top