Музичарот Брус Спрингстин (71) бил уапсен во Њу Џерси пред три месеци и обвинет за возење во пијана состојба, пишуваат американските медиуми, повикувајќи се на официјални лица. Тој наскоро треба да се појави на суд.
Рок-пејачот претходно бил фатен како пие алкохол во национален парк.
Апсењето на Спрингстин се случило неколку недели откако излезе неговиот 20. албум „Писмо за тебе“.
Спрингстин неодамна сними и реклама за „Џип“, која беше емитувана за време на Супербоул. Но, откако јавноста дозна за апсењето на глумецот, рекламата е отстранета од Јутјуб каналот на „Џип“. Спрингстин настапи и на музичкиот настан по повод инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.