Брус Вилис и Деми Мур заедно во изолација 20 години по разводот

Две децении откако се разведоа, Брус Вилис и Деми Мур се заедно во изолација поради пандемијата со коронавирусот. На холивудските ѕвезди друштво им прават и ќерките Талула и Скаут со нивните партнери. На фотографиите што на Инстаграм ги објави Талула, недостига единствено најстарата ќерка, Румер.

Коментар на фотографиите на Талула остави Ема, сегашната сопруга на Вилис.

„Ретко кој може да ги носи тие бои. Супер изгледате“, напиша таа под една од сликите, алудирајќи на нивните идентични пижами во зелено-бела боја.

За потсетување, Деми и Брус беа во брак од 1987 до 2000 година.

„Горда сум на нашиот развод. Брус во почетокот беше уплашен зашто мислеше дека разделбата ќе биде тешка, но никој од нас не ја злоупотреби“, кажа Мур неодамна.

Scroll to Top