Чедвик Босман тајно се венчал со сопругата неколку месеци пред смртта

Американскиот актер Чедвик Босман, ѕвездата на „Црниот пантер“,  почина на 43-годишна возраст од рак на дебелото црево со кој се борел цели 4 години, а бројните колеги на социјалните мрежи се простуваат од актерот.

Босман починал во својот дом, а последните моменти ги поминал во најтесниот круг на семејството. Со него била и сопругата Тејлор Симон Ледвард со која Чедвик се венчал во тајност неколку месеци пред смртта. Тој ја запросил Тејлор лани во ноември , а се венчале пред најблиските роднини и пријатели, неколку недели пред неговата болест да се влоши, пренесува „Mirror”.

Сè додека не му стана редовна придружба на црвените теписи, Чедвик и Тејлор ги криеја деталите од својата врска. Тејлор е пејачка која во 2014 година на Универзитетот Помона во Клифорнија завршила Музичка академија, а за време на студиите била главна вокалистка на локалниот џез бенд.

Врската со холивудскиот актер ја потврди во 2015 година, а во тоа време за прв пат беа видени заедно.

Јавноста по смртта на Чедвик дозна дека ракот на дебелото црево му бил дијагностициран една година откако ја започнал врската со Тејлор. Таа останала покрај него до самиот крај, а парот никогаш не криел колку е среќен и заљубен. Членовите на семејството, пријателите и бројните колеги коментирале дека Чедвик и Тејлор биле пресреќни заедно, дури и во најтешките моменти.

За последен пат тие заедно се појавија во јавноста на НБА натпревар во Чикаго, во февруари оваа година.

 

 

Scroll to Top