Ченинг Тејтум и Џеси Џеј повторно раскинаа

Американскиот глумец Ченинг Тејтум и британската пејачка Џеси Џеј раскинаа три месеци откако се смирија. Близок пријател на парот за американските медиуми потврдил дека тие веќе не се заедно, ама и дека решиле да останат пријатели.

„Се почитуваа доволно еден со друг за да се обидат да ја обноват врската, меѓутоа, сепак сфатија дека им е подобро кога не се заедно“, рекол тој за „Е-Њуз“.

Ченинг и Џеси почнаа да се забавуваат кон крајот на 2018 година, брзо откако актерот се разведе од сопругата Џејна Девон. Една години подоцна тие раскинаа, оти Ченинг, наводно, бил презафатен со кариерата и родителството. Два месеца по раскинувањето, тие се смирија, но сега повторно решија да ја прекинат врската.

Scroll to Top