Четири пати секс во денот, се обврзала Лопез ако се омажела со Бен Афлек

Холивудските ѕвезди знаат како да ги заштитат парите кои ги имаат, но за своите брачни очекувања се погрижуваат главно со предбрачен договор. Тоа е единствената алатка која ја имаат, за да нивните желби се почитуваат.

Тоа некогаш знае да биде бизарно, па дури и на граница со лудост. Ова се некои од славните холивудски и музички ѕвезди, кои направиле предбрачен договор, со цел да ги зачуваат своите пари и да се испочитуваат нивните желби.

Бијонсе и Џеј Зи

Тие биле заедно неколку години пред да се одлучат да се земат. Кога на крај решија да стапат во брак, сепак одлучија некои работи да ги стават на хартија.

Супер богатиот рапер се обврзал дека ќе уплатува по пет милиони долари на сопругата, за секое породување, а во случај на развод, таа ќе добие по милион долари за секоја година дена во брак. Сепак, нејасно е дали во случај да добијат близнаци, Бијонсе ќе биде побогата за 10 милиони долари.

Никол Кидман и Кејт Урбан

Австралиската глумица сакала да се осигура дека нејзиниот партнер ќе остане на правиот пат, па наместо пари, таа во предбрачниот договор побарала тој повеќе да не се дрогира. Во спротивно, ако Урбан почнал да се дрогира, со нивниот брак ќе биде завршено.

Бен Афлек и Џенифер Лопез

Иако беа силно заљубени, Афлек и Лопез не стигнаа до брак. Само се верија. Тоа во Холивуд значи само една работа, да се направи предбрачен договор. Лопез, која очигледно била љубоморен тип, побарала од Бен да потпише дека во случај на неверство, пола од неговиот имот ќе ѝ припадне на неа.

Барањето на Афлек било поинакво. Тој побарал неговата идна сопруга правно да се обврзе да имаат секс, најмалку четири пати во денот. Иако прекинаа по две години, непосредно пред венчавката, двајцата ги исполнија условите до крај. По прекинот на врската, таблоидите пишуваа дека и двајцата пателе по другиот.

Ким Кардашијан и Кање Вест

Ако дојде до развод меѓу славната двојка, Кање на Ким ќе мора да и исплати 10 милиони долари, но и да ѝ ја остави семејната вила во која живее, како и сите подароци кои од него ги добила, од кои некои се исклучително вредни.

Од друга страна, таа од разводот не би морала да го дели со него она што го заработила благодарение на своето реално шоу.

Џесика Бејл и Џастин Тимберлејк

Според наводите, неверството е единствено што ја интересирало убавата глумица, која се омажила со познатиот музичар и глумец. Бидејќи тој ја изневери со глумицата Оливија Мун, пред бракот, таа побарала во бракот да добие половина милион долари оштета, ако повторно Џастин се одлучи да влезе во прегратките на други жени.

Чарли Шин и Брук Милер

Знаејќи со кого си има работа, Брук во предбрачниот договор одлучила добро да се осигура. Таа по венчавката добила половина милион долари, а за секоја година која ја минале заедно, Шин морал да ѝ исплати дополнителни 300.000 долари.

Освен тоа, таа добивала и по 100.000 долари за селидба, како и целиот негов имот по разводот.

 

 

Scroll to Top