Дали си проститутка? Витерспун ѝ се изнасмеа на Анистон, која не го разбра прашањето на водителката

Џенифер Анистон се најде во непријатна ситуација за време на гостувањето во емисијата This Morning. Поради британскиот акцент на водителката, на Анистон ѝ се слушнало дека ја прашува дали е проситутка.

„Are you a hugger“ ја прашала водителка, но, на Џенифер ѝ се слушнало „hooker“, што во превод значи проститутка.

Водителката појасни што сакала да праша, но беше предоцна, а нејзината колешка Рис Витерспун, која исто така беше вклучена во разговорот, не можеше да престане да се смее.

Водителите востудиото Филип Шофилд и Холи Вилоби исто такасе изнасмеаја и признаа дека тоа е најдоброто нешто што го виделе на телевизија.

Scroll to Top