Даниел Крег богатството нема да го остави на децата

Британскиот глумец Данил Крег неодамна изјави дека своето богатство не планира да им го остави на децата, туку дека ќе го потроши.

„Не сакам да оставам голема сума на наредните генерации. Мислам дека тоа е лошо за нив. Мојот став е – откачи се од парите што побргу пред да заминеш или подари ги“, рекол популарниот Џејмс Бонд.

Глумецот заработи многу пари од улогата на тајниот агент, а се проценува дека станува збор за 125 милиони фунти.

Инаку, Крег ја има ќерката Ела со поранешната сопруга Фиона Лауден и уште една ќерка што се роди во 2018 година, во бракот со глумицата Рејчел Вајс.

 

Scroll to Top