Даниел Крег (52) по пет години ја презеде улогата на тајниот агент во „Нема време да се умре“ , и во интервју за априлското издание на магазинот GQ изјави дека е сигурен дека „никогаш повеќе нема да го направи истото“.
Крег, кој позираше топлес за списанието, рече: „ Се прашував дали филмот е навистина вреден за ова, да се помине целата оваа работа? Се чувствував физички навистина изнемоштено. Значи, шансите за правење друг филм беа исклучени. Затоа, поминаа пет години “.
Тој рече дека влегувањето во физичка форма за филмот, во кој е глумат sвездите Лашана Линч и Рами Малек, како и веќе воиграната Наоми Харис како Манипени, е клучно за подготовките за улогата. „Со Бонд, вие не го добивате сценариото, така што физичката состојба секогаш мора да е на високо ниво “, рече тој.
Ѕвездата рече дека правењето на неговиот последен филм 007 го ослободил од обврската да се вклучи во сценариото, велејќи: „Ова е мојот последен филм како Бонд“.
Крег е оженет со британската ѕвезда Рејчел Вајс. Тој има две деца, едно од претходниот брак со актерката Фиона Лудон и друго со Вајс.
– Постојат и други работи што се поважни. Јас сум прилично сигурен дека можам да играм речиси за што било, изјави за неговата иднина.
Крег рече дека новиот филм, чија премиера се одложи за седум месеци како резултат на појава на коронавирусот, ќе ја покаже „темната“ страна на ликот на Бонд што се појави во оригиналните романи на Јан Флеминг.