Даниел Крег: Стивен Спилберг ме убеди да го глумам Бонд

Британскиот глумец Даниел Крег откри дека славниот режисер Стивен Спилберг го убедил да го глуми тајниот агент Џејмс Бонд. Тие се сретнале пред актерот да ја прифати улогата на 007 и во тој момент Даниел сметал дека е најпаметно да побара мислење од еден од најголемите светски режисери.

„Стивен случајно беше во истиот хотел. Па постои ли подобар холивудски момент? Го прашав: ‘Дали би го прочитал ова сценарио’? Тој го прочита многу бргу и рече: ‘Мораш да го направиш ова’,“ рекол Крег во интервју за „Сан“.

Тој објаснил и дека е многу важно некој во шоу-бизнисот, кој е толку ценет како Спилберг, да биде инспириран од улогата пред тој да одлучи да ја прифати.

„Ми беше многу важно некој како него да биде еднакво инспириран од улогата како и јас. Ме убеди со три збора“, рекол глумецот.

Крег (53) се откажа од улогата на Бонд по пет снимени филма. Првиот од низата беше „Казино Ројал“ во 2006 година,а последниот „Не е време за умирање“ имаше премиера во 2021.

 

„Иако Спилберг ми даде зелено светло, сепак бев нервозен поради преземањето на огромната улога. Но, барем знаев дека ќе биде добро“, додал тој.

Scroll to Top