Дејвид Џејсон повторно во улогата на Дел Бој

Британскиот глумец Дејвид Џејсон повторно ќе има можност да го глуми ликот на Дел Бој, во серијата „Сплетки“. Специјалниот настан ќе се одржи во февруари наредната година. Џејсон ќе има можност да разговара со обожавателите на серијата, пишува „Дејли стар“.

„Се радувам што ќе имам можност да ги запознаам обожавателите на серијата“, изјавил Џејсон.

Последен пат Џејсон го играше ликот на Дел Бој во 2014 година за едно специјално хуманитарно издание, кога покрај него и Родни се појави и Дејвид Бекам.

Серијата „Сплетки“ се прикажуваше од 1981 до 1991 година, а до 2003 година се снимени неколку божиќни специјални епизоди.

Scroll to Top