Дејвид Хаселхоф на одмор во Истра: Хрватска е кул

Американскиот актер Дејвид Хаселхоф, познат по улогата на спасителот Мич во „Чувари на плажата“ од 90-тите, деновиве ужива во Хрватска. Дејвид  на социјалните мрежи се пофали со фотогрфаии од Хрватска и напиша дека е воодушевен од оваа земја. Инаку актерот тука ја снима новата криминална серија „Зе мрежа“.

„Хрватска е толку кул“, напиша Мич.

Тој со фотографиите објавени на Твитер и Инстаграм им порача на неговите следбеници дека вреди да се посети Хрватска.

Актерот е целосно воодушевен од Хрватска како дестинација, па затоа не е првпат да престојува таму. Како што е познато, актерот веќе бил во Хрватска во 2019 година на пат од Грција за Шпанија. А потоа на социјалните мрежи се пофали со престојот на Истра.

Scroll to Top