Дејвид и Викторија Бекам уште во март се заразиле со Ковид-19, а короната ја прележале во тајност, тврди таблиодот „Сан“. Според нив, славниот пар се заразил во Америка, кога биле да го посетат нивниот син Бруклин и да го прослават неговиот роденден. Затоа што биле болни од корона, тие наводно, ја откажале роденденската забава на помалиот син Ромео, пишува магазинот.
„Тоа беше вистински кошмар за нив. Дејвид во Америка мораше да заврши некои обврски за неговиот клуб Интер Мајами, а Викторија и семејството го придружуваа. Беа на неколку настани оти Дејвид имаше промотивни должности, па се ракуваше и се бакнуваше со навивачи на клубот. Откако се вратија во Англија, за кратко пак отидоа во Мајами, но по второто враќање дома, дознаа дека се болни“, рекол пријател близок на парот.
Според истиот извор, Дејвид се чувствувал лошо, а Викторија имала висока температура.
„И неколку нивни вработени, вклучувајќи ги и возачите, телохранителите и асистентите, почнале да се чувствуваат лошо. Викторија многу паничеше и на целото семејство му нареди да биде во карантин повеќе од две недели. Се плашеше дека ќе го рашири коронавирусот и направи сѐ за да го смали ризикот. Не само што лежеше во креветот, туку сосема беше во паника. Тоа беа неколку тешки недели“, додал изворот.