Денис Родман претепал маж во бар

By

Поранешната НБА-ѕвезда Денис Родман е обвинет за напад на маж во бар. Џеф Соулок, човекот кој го обвинил кошаркарот, изјавил дека Родман го нападнал без никаква причина и му нанел тешка повреда на окото.

„Разговарав со мој близок пријател во барот, а до нас стоеше Родман. Ме удри без никаква причина“, изјавил Соулк.

Полицијата веднаш покренала истрага, но Родман не бил приведен.

„Никогаш не се тепам“, кратко изјавил Роман за медиумите по повод инцидентот.

Поранешниот кошаркар во моментов се наоѓа под истрага за кражба на облека од бутик со користена стока.

 

Ќе ви се допадне