Денис Родман трипати го скршил пенисот, а скокот од Мадона на Кармен Електра му е најомилениот во кариерата

Легендарниот кошаркар на Чикаго, Денис Родман, успеа својата играчка кариера да ја засени со своето однесување надвор од теренот. Поранешната НБА ѕвезда се најде во центарот на внимание кога за една емисија во британска телевизија тој ја отвори душата и ги раскажа сите најинтересни моменти во неговиот живот.

Тој кажа дека во животот трипати успеал да го скрши пенисот, а најинтересен скок во неговата кариера му бил оној кога од неговата поранешна партнерка, пејачката Мадона, преминал на Кармен Електра.

„Прво да објаснам што значи скокот во НБА. Тоа е кога некоја ѕвезда во тимот ќе шутира, јас ќе ја фатам топката и ќе ѝ ја вратам пак на ѕвездата. Скокот кој го направив во љубовниот живот, оставајќи се со Мадона па преминувањето во врска со Кармен Електра ми е најомилениот во кариерата“, се пошегувал Родман, а потоа објаснил како успеал да го скрши својот пенис.

„Бев на некакво крстарење. Цел ден пиев и се забавував. Сонцето печеше многу силно, а јас и понатаму се забавував и испив многу. На крајот од вечерта бев многу пијан. Во еден момент завршив со една девојка во една кабина на голем кревет. Таа се залета и скокна на мене. Крв имаше на сите страни, а таа се испаничи и помисли дека ме уби“, раскажал контроверзниот кошаркар.

Покрај кошарката еден од најдобрите скокачи во историјата на НБА лигата остана познат и по работите кои ги правеше надвор од теренот, неговото лудо однесување, уште пооткачен стајлинг, и се разбира врските со најубавите и најзгодни девојки во тој момент во светот.

Многумина му завидуваа што тој уживаше во друштвото на убавите девојки, а многумина го мразеа затоа што успеа да ја освои најпознатата и најбарана пејачка во тој период во светот, Мадона.

Мадона беше жена која го тешеше Родман по неговиот прв развод, а нивната врска го привлече вниманието на целиот свет. Тогаш пејачката беше на врвот на кариерата. Родман вели дека Мадона барала од него да имаат бебе.

„Додека играв покер во Лас Вегас, за време на играта таа ме повика и побара да веднаш да дојдам во Њујорк, затоа што тогаш биле најголеми шансите да остане трудна. Ги оставив жетоните на столот и заминав за Њујорк. Завршивме работа и се вратив со авион назад во Лас Вегас“, раскажа Родман.

Роман вели дека останал банкрот поради големиот број разводи, алиментации, плус парите за издржување на децата, лудите журки, раскошниот живот.

Некогашната НБА ѕвезда и освојувач на шампионскиот прстен за Чикаго Булс и Детроит Пистонс, е еден од спортистите кои останале без ништо. Ги прокоцкал сите работи кои ги стекнал во животот.

Неговите тетоважи, пирсинзи, обетки, како и разни фризури го правеа неговиот изглед опасен, а на терените доминираше како малкумина НБА ѕвезди, но надвор од теретно, тој брзо пропадна.

Познат е по својот екстравагантност на теренот, а уште почесто надвор од него. На сите пет прсти на едната рака ги стави сите пет НБА прстени, освоени со два различни тима во две различни ери.

Родман е најстар од вкупно 47 браќа и сестри кои неговиот татко ги имал со различни мајки. Во 2011 година Родман влезе во Куќата на славните. ој е добро познат и по неговата средба со лидерот на Северна Кореја, Ким. Родман го смета Ким за голем пријател и забавен човек. Но, чудно му е како толку мал човек може да води држава.

 

 

 

 

Scroll to Top