Денис Родман за пријателството со Ким Џонг Ун

Американскиот кошакар Денис Родман откри во јавноста како се запознал со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Двајцата не кријат дека се во исклучително добри односи, а до нивно запознавање, дошло на иницијатива на Ким. Севернокореевот не крие дека има голема страст кон кошаркарот од НБА лигата и екс ѕвездата на Чикаго Булс.

„Тоа е врска за цел живот. Започна една вечер со неколку шишиња вотка, со караоке“, изјавил Родман, кој ја прифатил понудата која Мајкл Џордан ја одбил, да отпатува во Северна Кореја, земјата која не е во најдобри односи со Соединетите Американски Држави.

„Мислев дека ќе се фотографирам, дека ќе делам автограми и ќе играм кошарка. Не знаев ништо за Северна Кореја. Му реков на мојот агент дека ако идам таму, сакам да ми се гарантира безбедноста. Беше одлично од првиот момент кога стапнав во земјата, кога излегов од авионот и застананав на црвениот тепих“, изјавил Родман.

Петкратниот НБА шампион се потсетува и на некои необични моменти, од еден кошаркарски натпревар.

„Повеќе од 22.000 Севернокорејци станаа и почнаа да ракоплескаат. Јас возвратив на поздравите, а потоа некој ми кажа дека поздравот не бил за мене. Дека народот го поздравил нивниот лидер Ким. Кога прашав кој е тој, ми одговорија дека тоа е нивниот лидер“, изјавил Родман.

По натпреварот Ким Џонг Ун, лично го поканил Родман на вечера, караоке и вотка.

„Вечеравме и пиевме како блесави. Тогаш почна да пее караоке. Немам поим што подоцна се случи. Не се сеќавам на ништо. Сите почнаа да ракоплескаат, а потоа излезе бенд од 18 млади девојки. Беа одлични, но свиера само една песна цела вечер“, изјавил Родман.

Денис Родман се смета за делумно заслужен и за историскиот состанок меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и Ким Џонг Ун, кој се одржа на почетокот на минатата година. Претседателот на САД, јавно му се заблагодари на Родман, за укажаната можност да се сретне со неговиот севернокорејски колега.

 

Scroll to Top