Дензел Вашингтон му ги платил студиите по глума на Чедвик Босман на Оксфорд

Холивудската ѕвезда Дензел Вашингтон пред многу години му ги платил студиите по глума на Чедвик Босман на Оксфорд. „Црниот пантер“, кој почина минатата недела, во тоа време бил студент на Универзитетот „Харвард“ во класата на легендарната глумица Филиција Рашад. Таа, откако го видела неговиот талент и потенцијал, го убедила да се пријави во летната школа за драма на Оксфорд во Лондон.

Чедвик бил примен, но не можел да си ја дозволи школарината. Тогаш Филиција замолила неколку свои славни пријатели да им платат нему и на уште неколку студенти за да се школуваат во Лондон. По некоја година, Чедвик дознал дека неговата школарина ја платил Дензел Вашингтон.

 

Глумците првпат се сретнале на премиерата на филмот „Црниот пантер“ и тогаш Чедвик му ја раскажал приказната на Вашингтон, па му се заблагодарил за подарокот.

„Кога се сретнавме на црвениот тепих конечно добив шанса да му кажам колку сум благодарен за тоа што го направи за мене. А Дензел во негов стил ми рече: ‘Аха, значи ми должиш пари. Па, јас сум дојден за тоа, да си го наплатам долгот’,“ раскажал Чедвик потоа во интервју за „Холивуд репортер“.

Дензел беше еден од многуте личности кои викендов јавно се простија од Босман, откако дознаа за неговата смрт. Босман почна од рак на 43 години.

„Тој беше брилијантен глумец и прекрасен човек. Засекогаш ќе остане со нас преку неговите легендарни улоги, иако имаше кратка кариера. Бог нека те благослови“, стои во објавата на оскаровецот.

Чедвик Босман тајно се венчал со сопругата неколку месеци пред смртта

Scroll to Top