Десет години по „Очајни домаќинки“, Тери Хечер и Џејмс Дентон снимаат божикен филм

Ѕвездите на серијата „Очајни домаќинки“, Тери Хечер и Џејмс Дентон, по десет години повторно ќе снимаат заедно. Тие ги имаат главните улоги во романтичниот филм на каналот „Холмарк“, „Бакнеж пред Божик“.

„Од таа позната сцена кога ја најде полугола во грмушките, знаев дека Џејмс и јас ќе бидеме пријатели доживотно. Хемијата и пријателството што ги имавме во ‘Очајни домаќинки’ се живи и сите овие години, а празниците се совршено време за повторно да се обединиме. Неверојатно е што работиме пак заедно. Тоа е исто како старите времиња. Нема да сакате да го пропуштите овој филм“, изјави Хечер.

Тери и Џејмс се запознаа на снимањето на „Очајни домаќинки“ каде што ги глумеа Сузан Мајер и Мајк Делфино. Во хит-серијата нивната љубов имаше подеми и падови, но не и среќен крај, бидејќи продуцентите решија да го убијат ликот на Дентон во 2012 година.

„Отсекогаш сакавме повторно да работиме заедно со Тери. А бидејќи сме на ‘Холмарк’, не треба да се грижам дали ќе ме застрелаат на крајот“, рече Дентон, кој е и продуцент на филмот.

Точниот датум на премиерата не е објавен, но ќе се прикажува во декември, неколку дена пред Божик

Scroll to Top