Џад Лоу шести пат стана татко

Британскиот глумец Џад Лоу го доби шестото дете. Тој веста за раѓањето на бебето ја сподели додека гостуваше во една емисија. Ова е прво дете на Лоу со сопругата Филипа.

„Добив дете. Прекрасно е. Среќни сме што како семејство можевме да поминеме повеќе време заедно. Беше необично, но убаво“, рекол глумецот кога водителот го прашал што правел во време на карантинот.

Ѕвездата на серијата „Младиот папа“ не го откри полот на бебето.

Од 1997 до 2003 година Џад беше во брак со дизајнерката Сејди Фрост, со која ги има ќерката Ајрис и синовите Раферти и Руди. Набргу по разводот, тој почна врска со глумицата Сиена Милер, со која се сврши во 2004 година, но ја изневери со дадилката и тие раскинаа. Лоу стана татко четврти пат во 2009 година кога ја доби ќерката Софија со американската манекенка Саманта Брук. Во 2015 година го доби петото дете со Керетин Хардинг.

Scroll to Top