Џаред Лето ќе го глуми Енди Ворхол во новиот филм

Оскаровецот Џаред Лето преку „Инстаграм“ откри дека ќе го глуми уметникот Енди Ворхол во новиот филм. Тој вели дека е возбуден поради новата улога.

„Да, така е, ќе го играм Ворхол во претстојниот филм. Многу сум благодарен и возбуден поради оваа можност. На 6 август му беше роденден на Ворхол и можам само да речем дека ни недостигаат тој и неговиот генијален ум“, напиша Лето.

Освен дека ќе го глуми Ворхол, пејачот и глумец не сподели други информации за филмот.

https://www.instagram.com/p/CDmOdQgHVUJ/?utm_source=ig_embed

Scroll to Top