Џеф Безос четврти пат по ред е најбогатиот човек според „Форбс“

Годинашната листа на „Форбс“ достигна рекорд од 2.755 милијардери, а листата четврти пат по ред ја предводи основачот на „Амазон“, Џеф Безос.
Списокот на ултрабогатите се шири по годината во која пандемијата на коронавирусот ги сруши светските економии и ја загрози егзистенцијата на луѓето низ светот.
Според „Форбс“, годинешните милијардери заедно вредат 13,1 трилиони долари (илјада милијарди), споредено со 8 милијарди долари минатата година.
– Многу богатите луѓе станаа уште многу побогати – рече извршниот директор на „Форбс“.
Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“, се најде на второто место на листата, од 31. место минатата година.

Бернард Арно, извршен директор на компанијата за луксузни производи ЛВМХ, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, и извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, се рангирани меѓу првите пет светски милијардери.
Инвеститорот и деловен тајкун Ворен Бафет првпат по повеќе од две децении испадна од првите пет. Оваа година на списокот има 493 новодојденци, вклучувајќи ја и Витни Волф Херд, извршната директорка на апликацијата за состанување „Бамбл“.

Scroll to Top