Џеф Безос и по разводот остана најбогат на свет, поранешната зема дел од 140 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот и сопственик на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, со својата сопруга Мекензи ги договорил условите околу разводот и поделбата на имотот вреден 137 милијарди долари.

Безос ќе задржи 75% од своите акции во „Амазон“, а неговата поранешна сопруга ќе го земе остатокот. Претходно нејзиниот влог претставувал само 4% од компанијата.

12-процентниот удел во онлајн гигантот сега се проценува на неверојатни 100 милијарди долари, што значи дека ќе може да ја задржи титулата на најбогат човек на светот.

Amazon.com го потврди барањето за развод, кое било поднесено во четвртокот и очекува судот да го одобри за околу 90 дена. Пред разводот Безос имал 16% од уделот во „Амазон“, кој вреди повеќе од 140 милијарди долари.

Scroll to Top