Џеф Безос сè побогат, сега тежи 172 милијарди долари

By

Најбогатиот човек на светот Џеф Безос и покрај економските крахови кои се случуваат во речиси целиот свет, поради пандемијата со коронавирусот, тој успева да го збогати своето банковно конто и во моментов вреди 172 милијарди долари.

Вредноста на акциите на неговата компанија „Амазон“, се зголемени за 56% за година дена. „Амазон“ ја искористи ситуацијата со пандемијата со коронавирусит и го зголеми својот пораст на купување и продажба преку интернет.

Безос оваа недела го надмина светскиот рекорд кој го држеше пред разводот од сопругата Мекензи. Двојката минатата година се разведе по 25 години брак. Таа доби 25% од акциите на „Амазон, кои тогаш двојката ги имаше во сопственост, што чини околу 4% од уделот во фирмата.

Покрај богатството на Безос, расте и богатството на Мекензи. Таа сега тежи 57 милијарди долари и е 12. најбогата личност во светот. За само година дена нејзиното богатство е зголемено за 54%, односно околу 20 милијарди долари.

Ќе ви се допадне