Џејми Фокс ќе го глуми Мајк Тајсон во автобиографска серија за боксерот

Актерот Џејми Фокс ја доби главната улога во автобиографската серија за боксерот Мајк Тајсон.

Режисер на серијата е Антоан Фукуа, а во продукција на Мартин Скорсезе. Колин Престон го напиша предлог-сценариото за проектот и во моментов се пишува целата серија, која сè уште нема наслов.

Тајсон (54) од пред неколку години сака да направи филм за својот живот и проектот се развива од 2014 година. Првично беше планирано да се сними игран филм за популарниот боксер, но продуцентите сега решиле тоа сепак да биде серија.

Scroll to Top