Џејми Фокс ќе го глуми Мајк Тајсон

Оскаровецот Џејми Фокс ќе го глуми поранешниот американски боксер во тешка категорија, Мајк Тајсон, во следниот биографски филм.

Фокс, кој покрај глумата е и комичари, а се занимава и со пеење, во разговорот со продуцентот Марк Бирнбаум, потврди дека ќе го глуми светскиот боксерски шампион.

Фокс вели дека за оваа глума тој напорно вежбал и се подготвувал.

„Да се глуми во биографија е тешка работа. Понекогаш се потребни 20 години за да се направи тоа, но ние официјално започнавме. Не можам да дочекам да им покажам на луѓето што научив“, рече Фокс.

Тој откри дека го запознал Тајсон кога имал 22 години. Двајцата се запознале на еден стенд-ап кој го имал Фокс. Глумецот кажал и шега за боксерот кој седел во публиката.

Scroll to Top