Џејсон Деруло ја остави девојката четири месеци откако добија бебе

Американскиот пејач Џејсон Деруло (32) раскина си инфлуенсерката Џена Фрумс (28), четири месеци откако се роди нивниот син Џејсон Кинг. Веста дека еќе не се заедно ја потврди Деруло.

„Џена и јас одлучивме да се разделиме. Таа е неверојатна мајка, но верувам дека разделбата во овој момент ќе ни овозможи да бидеме во најдобри можни односи меѓу себе и да сме најдобри родители што можеме да бидеме“,  напиша тој на Твитер.

Џејсон и Џена пред четири месеци станаа родители и често објавуваа слики со бебето. Тие постојано пишуваа колку се среќни заедно. Фановите на пејачот очекуваа наскоро да се венчаат, па затоа веста за нивното раскинување ја изненади јавноста.

 

Scroll to Top