„Џелиот смрдеше на пиво“, Мишел Фајфер се потсети на деновите кога снимаше со Џорџ Клуни

Глумицата Мишел Фајфер се потсети на деновите кога снимаше заедно со Џорџ Клуни. Таа вели дека на еден од сетовите, нејзиниот колега се појавил пијан. Тој толку мирисал што било неподносливо да продолжат со работа.

„Мирисаше како да бил во пиварница“, низ смеа раскажа Фајфер, за Variety.

Во 1996 година двајцата беа дел од снимањето на „Еден убав ден“. Сега се присетија на некои од пикантериите кои им се случиле.

„Се сеќавам дека тогаш имав слободен ден и испив неколку пијалоци со еден мој пријател. Тој пристигна тогаш во градот и сакав да се видиме. Останавме до доцна во ноќта и ако добро се сеќавам пиевме вотка. Кога стигнав дома околу еден часот сватив дека сум пијан“, вели Клуни.

Откако дошол на снимањето, Фајфер веднаш приметила дека нешто не е во ред, а Клуни се обидувал на разни начини со секакви спрејови за уста да се извади од незгодната ситуација но попусто.

Scroll to Top