Џемјс Камерон сакал да го исфрли Леонардо ди Каприо од „Титаник“ зашто бил арогантен

Легендарниот холивудски режисер Џејмс Камерон, во интервју за магазинот GQ раскажа како малку фалело да го смени Леонардо ди Каприо од улогата во „Титаник“. Приказната за најголемата бродска трагедија, потонувањето на „Титаник“, режисерот ја раскажа во 1997 година.

Носители на приказната беа Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо. Лео тогаш веќе беше големо име во „Холивуд“, а неговото ангажирање за продуцентите изгледаше како полн погодок. Сепак Камерон не сакал туку така да му дозволи да ја одигра улогата на легендарниот Џек, кој успеа да расплаче милиони гледачи низ светот.

Во интервјуто Камерон откри како малку фалело Леонардо да не ја добие улогата. Рече дека причината била ароганцијата. Режисерот откри дека веќе ја нашол неговата Роуз, британската актерка Кејт Винслет, која еден ден дошла во студио да го прочита текстот со Ди Каприо, за да види дали меѓу главните ликови постои хемија.

„Леонардо влегува, ја запознава Кејт и му велам да чита. Лео потоа беше арогантен ми рече дека чита., мислејќи дека не оди на аудиција, туку едноставно ја добил улогата“, откри Камерон и додаде дека во истата секунда се изнервирал и му рекол: „Слушај, нема да за**ам ваков филм ако згрешам во кастингот“.

Scroll to Top