Џенифер Анистон и Бред Пит повторно раскинаа

Џенифер Анистон му раскина на Бред Пит, пишуваат американските таблоиди, повикувајќи се на извор близок до поранешната холивудска двојка.

Како што вели изворот, причината за нивната разделба била недовербата која се јавила кај Анџелина. Таа одлучила да направат пауза затоа што Бред Пит премногу време поминувал и се дружел со неговата пријателка Алија Шокат.

Двојката често биле фотографирани од папараците и во јавноста почна да се шпекулира дека се во тајна врска.

„Анистон му рече на Бред дека се на пауза се додека не свати што точно таа сака“, открива изворот.

Тој објаснил дека глумицата му кажала и дека се престари за вакви игри и дека е време да сватат и двајцата што посакуваат еден од друг.

Фановите ширум светот, кои веќе со години го очекуваа смирувањето на поранешната холивудска двојка, на социјалните мрежи коментираат дека имаат желба повторн да ги видат заедно како маж и жена.

 

Scroll to Top