Холивудските глумци Џенифер Анистон и Џерард Батлер се приклучиле на контроверзен и таинствен секс-култ, NXIVM, пренесува National Enquirer.
Извор близок до поранешната двојка откри дека глумците тргнале на предавање во култот затоа што сметале дека на тој начин ќе ги подобрат своите вештини во создавањето нови деловни и социјални врски. Сепак, тие не навлегле премногу во култот затоа што не биле подготвени да исполнат некои работи што од нив се барало да ги направат.
Џерард и Џенифер, кој глумеа поранешен брачен пар во филмот Bounty Hunter, наводно немале поим во што се вовлекуваат кога му се приклучиле на култот. Тие сега се срамат да го признаат тоа. Култот NXIVM е основан од Кејт Рајнер, против кого во 2017 година било поведено обвинение.
Во обвинението стои дека тој ги присилувал жените, меѓу кои имало и холивудски глумици, да станат сексуални робинки. Тој е осуден на 120 години затворска казна поради подведување, уцени, изнуди и силување.
За потетување, поранешната сопруга на Бред Пит и ѕвездата од филмот „300“ почнаа да излегуваат кога меѓу нив се запалија искри додека го снимаа филмот Bounty Hunter. Врската не траеше долго, но пред два месеца магазинот „Стар“ пишуваше дека поранешната двојка повторно почнала да се дружи кога глумецот ја прекинал врската со Морган Браун.
Џенифер наводно почнала да излегува и да се забавува со неколку мажи, а Џерард бил еден од нив. Во јавноста веќе се шпекулира дека тие повторно ќе бидат заедно.