Џенифер Анистон по 10 години се смири со својот татко

Актерката Џенифер Анистон (51) наводно се смирила со својот татко Џон (86) и го обновила контактот со него по скоро 10 години. Нивното смирување се должи на пандемијата на коронавирусот, пишува „Дејли мејл“. Брзо откако Џон бил пренесн во болница заради здравствени проблеми со стомакот, почна пандемијата на коронавирусот, па Џенифер зе загрижила за својот татко.

„Како да сфати дека животот е краток и нејзината врска со татко ѝ мораше да биде добра затоа што никогаш не се знае што ќе ги раздели засекогаш“, изјавил близок пријател на актерката за „Дејли мејл“.

Двајцата сега редовно се слушаат на телефон, но, заради мерките за забрана на движење и изолација, Џенифер се уште не го видела.

Џенифер не била во добри односи со својот татко уште од нејзината деветта година кога Џон ги напуштил неа и мајка ѝ, а таа тоа не можела да му го прости. Подоцна почнале да комуницираат, да се гледаат за викенди, но пред 10 години се скарале и престанале да разговараат. Џон е исто така актер, но тој имал само кратки епизодни улоги во серии и ѝ е познат на американската публика.

Освен со татко ѝ, Џенифер 15 години не разговарала ни со нејзината мајка Ненси, оти таа објавила книга за животот на Џенифер без знаење на глумицата. Тоа била причината и зошто Џенифер не ја поканила мајка си на свадбата со Бред Пит.

Scroll to Top