Џенифер Лопез, вообразена дива со милион барања

By

49-годишната Џеј Ло е долго време во музичката индустрија и владее со неа. Таа имала могу барања кои треба да ѝ бидат исполнети и се однесувала како вистинска ѕвезда, пишуваат медиумите.

Пејачката има посебни барања за зад сцената кога настапува, за хотелските соби во кои престојува и одбива да пешачи дури и на кратки дистанци, па бара 7 лимузини да ја придружуваат.

Иако сите ја сакаат, сепак, Џеј Ло била многу вообразена.

1.Се лутела ако во хотелските соби не ја чекаат мирисливи свеќи со мирис на лимон и грејпфрут.

2. „Џени од блокот“ сепак не може да пешачи ниту три блока и бара 7 лимузини да ја следат до ресторан на 200 метри. 3

3. Собарка од хотел во Германија побарала автограм од нејзината асистентка, а следниот ден добила отказ бидејќи Џеј Ло наводно се жалела.

4. Носи дијамантски слушалки од 5.000 долари за да не ја слуша вревата додека се вози во нејзиниот брод.

5.Таа ги игнорира вработените во нејзиниот приватен авион и им се обраќа исклучиво преку нејзиниот личен асистент, без воопшто ниту да ги погледне.

„Ја прашав што ќе се напие, а Џен ја сврте главата и се обрати на нејзиниот асистент велејќи – Те молам кажи му дека сакам диетална Coca Cola и лимета. А, изгледаше толку фино во филмовите.“ – изјавил еден од стјуардите.

6. Настапите на помал приватен настан или во клуб чинат околу 1.2 милиони долари, но ако сакате Џеј Ло да ви пее на свадба, треба да платите околу 5 милиони долари, според информациите од една руска свадба.

7. Иако е израсната во Бронкс во сиромашни услови и зборува за тоа колку е поврзана со нејзините корени, сепак во 2011, кога требало да сними реклама за Fiat, одбила да снима во Бронкс и за тие сцени се користел дублер.

8. Барањата на Џеј Ло за појадок во кревет вклучуваат – кајгана, сланина, палачинки, бело тост лепче, компири и едно многу специфично барање – храната мора да биде топла, без разлика  кога таа ќе ја јаде.

9. Затвара цели бутици на неколку часа, за таа да може на раат сама да разгледува, пробува и купува дизајнерски парчиња.

10. Медиумите тврдат дека бидејќи таа го обожава телото на Алекс Родригез, бара гаранција дека тој нема да се запушти во бракот.

 

Ќе ви се допадне

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

watch anime dub Josee, the Tiger and the Fish

Record of Ragnarok

AnimeDao Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 7

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

english anime AnimeDao That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2