Џенифер многу ја сакам и почитувам, но ако останев со неа ќе продолжев да пијам, рече Бен Афлек

Актерот Бен Афлек рече дека тој веројатно ќе продолжел да пие и да има проблеми со алкохолот ако останал во брак со неговата поранешна сопруга, Џенифер Гарнер.

„Веројатно и понатаму ќе пиев, а и почнав да пијам затоа што влегов во една рутина и се чувствував заробен“, рече Афлек, кој имаше проблеми со алкохолот и во 2018 година отиде на клиника за рехабилитација.

„На почетокот не можев да си заминам заради децата, но не бев среќен во бракот. Што требаше да направам? Е тогаш испив цело шише виски и заспав на каучот, што признавам не беше решение за проблемите“, рече актерот.

Тој со Џенифер беше во брак од 2005 до 2018 година. Тие сакаа да го спасат својот брак заради 3 деца, ќерките Виолет и Елизабет и синот Самуел.

„Се обидовме заради децата. Но, двајцата чувствуваме дека не сакаме тие да мислат дека така треба да изгледа еден брак. Сè што имате прочинато за нашиот брак е срање. Вистина е дека ни требаше некое време да донесеме одлука и да се разделиме. Имавме брак кој не функционираше. Тоа се случува. Таа е личноста која ја сакам и почитувам, но со која не можев да останам повеќе во брак“, рече Афлек.

Од пролетта годинава, тој е во врска со Џенифер Лопез, со која беше свршен пред да влезе во врска со Гарнер.

Scroll to Top