Џерард Батлер раскина со девојката

Холивудскиот глумец Џерард Батлер по шест години раскина со девојката Морган Браун. Веста ја пренесе магазинот „Пипл“, повикувајќи се на пријатели глумецот.

Батлер (50) и Морган, која е дизајнер на ентериери и агент за недвижнини, ја почнаа врската во 2014 година. Тие последен пат беа видени заедно во јавноста годинава во јули. Последните две години врската не им беше стабилна и постојано раскинуваа и се смируваа, пишува „Пипл“.

Батлер и додека беше во врска со Морган знаеше да изјави дека ужива кога е сингл и дека кога е сам полесно го живее животот. Лани рече и дека еден ден би сакал да стане татко, но не веднаш, туку за најмалку пет години, и само ако е во врска со жена во која е заљубен.

Scroll to Top