Џои, Чендлер и Рос не сакале да се снима повеќе „Пријатели“

Актерката Џeнифер Анистон вели дека единствената прична поради која не се продолжило со снимањето на една од најхумористичните серии во 90.те години, „Пријатели“, се актерите Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.

Тројцата актери кои ги играат улогите на Џои, Чендлер и Рос, не биле премногу воодушевени од идејата за продолжување на снимањето на серијата „Пријатели“.

За време на гостувањето во емисијата на Џејмс Корден, Анистон изјавила дека таа ѝ останатите две нејзини колешки во серијата Лајза Кудроу и Кортни Кокс, сакале да продолжат да со снимањата.

„Ние девојките отсекогаш зборувавме и посакувавме повторно да се собереме и продолжиме со снимањето на серијата. Но, момците, од за нив позната причина, беа помалку возбудени околу тоа“, изјавила Анистон.

Анистон која беше и поранешна девојка на Бред Пит, додала дека таа и нејзините колешки од „Пријатели“,  Лајза Кудроу и Кортни Кокс, решиле да направат ѝ римејк под името „Голден Грлс“.

Мет Лебланк, во „Пријатели“ го игра ликот на Џои. Тој претходно годинава објасни дека не сака да се врати во култната серија поради тоа што сега се премногу стари за тоа.

„Разбирам дека луѓето сакаат да не видат повторно сите заедно. Но серијата го следи ликовите во периодот од 20 до 30 години од нивните животи“, изјавил Бланк.

И режсерот на серијата „Пријатели“ Кевин Брајт, изјавил дека не можел да се договорат околу снимањето на продолженијата. Тој исто како и Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, сметал дека снимањето на приказна за луѓе во педесетите години како седат во кафич е патетична.

Серијата „Пријатели“ се емитуваше 10 сезони, во периодот од 1994 година до 2004 година. Истата остана популарна до ден денес, а „Нетфликс“ неодамна плати 100.000 долари за да ја задржи серијата на сојот сервис.

 

 

Scroll to Top