Џокер му го украл танцот на Чендлер од „Пријатели“

Милиони луѓе ширум светот се луди за Џокер и Хоакин Феникс. Особено сцената во која тој танцува на скалите во Бронкс стана иконска. На Џокер тоа многу му се допаднало, а изгледа и на Метју Пери, кој на својот Твитер споделил шега на сметка на филмот.

Чендлер од „Пријатели“ објавил смешна фотографија на која танцува и изгледа како Џокер да ги
ископирал неговите движења.
Фотокомпарацијата од непознат автор Метју ја споделил на Твитер со краток коментар „Нема за што“.
По објавата на познатиот актер започнало шегувањето и се појавиле уште повеќе фотографии на кои
Џокер „го копира“ Чендлер.
„Сè украл од тебе“ се шегуваа фановите.

 

Scroll to Top