Џон Траволта го загуби синот во 2009 година, а без сопругата остана два месеци пред годишнината

Глумецот Џон Траволта пред речиси два месеци остана без сопругата Кели Престон, која почина на 58 години од рак на дојката. Нејзината смрт длабоко го погоди глумецот. Двајцата синоќа требаше да ја прослават 29 годишнината од брак.

Престон се лекувала во тајност, а Џон вели дека ја имала целата поддршка од најблиските пријатели и роднини. Сепак на крајот, како што вели тој, морале да се соочат со фактот дека ја згубиле.

„Ми даде надеж кога чувствував дека ја губам. Ме сакаше цело време, необјасниво. Ме смееше посилно од кој било друг на светот. Со тебе знам дека ќе бидам добро, без разлика на сè“, му порача Кели на Џон минатата година.

Двајцата се запознале во 1989 година за време на снимањето на комедијата The Experts. Глумецот во повеќе наврати изјавил дека се заљубил во неа на прв поглед. За разлика од него, Кели се двоумела. Сепак во 1990 година, тој собрал храброст и ја запросил во ресторан во Швајцарија.

Кели изјавила дека на почетокот била изненадена, но дека ги имала работите под контрола. И двајцата веднаш посакале деца. Година дена подоцна се венчале во Париз. Кели била бремена, а потоа повторно се венчале во Флорида.

Синот Џет го добиле во 1992 година. За жал останале без него во 2009 година, кога имал само 16 години. Џет добил напад за време на едно од семејните патувања на Бахамите.

Тој силно ја удрил главата додека бил во када. Итната помош веднаш го пренела во болница, каде лекарите констатирале смрт. Џет добивал напади од раѓање. Бил аутистичен и имал епилепсија и Кавасаки синдром.

Второто дете, ќерката Ела, Џон и Кели ја добиле во 2000 година. Таа денес е глумица како и нејзиниот татко.

Кратко време по трагедијата со Џет, Џон и кели во 2010 година добија уште еден син Бенџамин. Тие изјавија дека тој им помогнал да се опорават и повторно да бидат среќни.

„Малиот Бен дефинитивно внесе среќа во нашиот дом. Беше како лепак кој не спои по тешката загуба. Ни даде нова смисла и дух во нашите животи“, изјавил Џон, во едно од своите интервјуа.

Scroll to Top