Џон Траволта се потсети на својот починат син

Познатиот актер Џон Траволта и неговата сопруга Кели Престон се потсетија на синот Џет, кој ќе го прославеше својот 28. роденден оваа недела. Шеесет и шестгодишниот актер објави црно-бела фотографија со својот син.

„Среќен роденден! Те сакаме“, напиша актерот во објавата.

Џет почина во 2009 година на семејно патување кон Бахамите кога паднал во када и си ја удрил главата од работ. Траволта неодамна изјави во едно интервју дека смртта на синот е најлошото нешто што му се случило во неговиот живот.

Тој многупати има изјавено дека Џет бил аутистичен и имал напади уште од рана возраст.

Ќерката на Траволта, Ела Блу, која исто така се сети на својот брат, објави семејна фотографија и напиша дека многу го сака. Траволта и Престон го имаат и деветгодишниот син Бенџамин.

Scroll to Top