Џорџ Клуни нема да биде кум на кралското бебе

Откако светските медиуми пишуваа дека Џорџ Клуни ќе биде кум на синот на Меган и Хари, холивудскиот глумец изјави дека тој нема да го крсти бебето.

„Нема да бидам кум. Ви ветувам. Сосема сум сигурен. Идејата не е добра. Не треба да бидам кум. Јас сум татко на близнаци и едвај се справувам со тоа“, рекол Клуни во интервју во шоуто на Џими Кимел.

58-годишниот глумец е близок пријател на кралската двојка,  и беше гостин на нивната венчавка лани во мај. Тој и бебето Арчи се родени на ист ден, 6 мај, па тоа дополнително ги поттикна пишувањата на светските медиуми за кумството.

 

Scroll to Top