Џорџо Армани донира 1,4 милиони долари на италијанските болници

Модниот дизајнер Џорџо Армани донираше 1,4 милиони долари на неколку болници во Милано и Рим за да се справуват со коронавирусот. Италија е на листата на најпогодени земји и во моментов е втора по ред по бројот на инфицирани, веднаш по Кина.

Армани, чие седиште е во Милано, кој е еден од најзагрозените градови, сумата ја донираше на три болници лоцирани во овој град, на една болница во Рим и на Агенцијата за граѓанска заштита, информираа од секторот за односи со јавност на брендот.

На неодамна завршената Модна недела во Милано модната куќа ја промовираше својата нова колекција без публика.

Според последните информации, во Италија досега починале 463 лица како последница на коронавирусот, а преку 9.000 се инфицирани.

 

Scroll to Top