Џош Раднор ги малтретира соседите

By

Главниот лик во американската серија „Како ја запознав мајка ти“, Џош Раднор, веќе подолг период им проблеми со своите соседи Скот и Џенис Андерсон. Брачната двојка била принудена да побара да му биде забранет пристап за доближување поради, како што тврдат, непријатностите што им ги предизвикал актерот.

Џош Раднор постојано излегувал без маица и секогаш викал по гостите во дворот, пишува „Дејли мејл“.

Проблемите настанале на почетокот на минатата година кога Џош го срушил ѕидот што ги двоел нивните дворови во предградието Холивуд Хилс во Лос Анџелес.

Семејството Андерсон тврди дека потоа почнале малтретирањата и затоа одлучиле да поднесат барање за судска забрана. Судот го одобрил ваквото барање. Актерот сега не смее да им се доближи на далечина помала од 6,5 метри.

Актерот тврди дека и нему му е непријатно поради однесувањата на брачната двојка. Џош тврди дека тие постојано се прекачувале преку оградата без негова дозвола. Актерот барал судска забрана за доближување и за нив, но судот го одбил ваквото барање.

Поранешниот сопственик на куќата на Раднор со соседите потпишал договор кој дозволува доизградба на имотот на Раднор, но само во случај ѕидот и патеката да си останат на истото место. Актерот не се придржувал до ваквите услови, а адвокатите на брачната двојка истакнуваат дека тие имаат дозвола да бидат на дел од земјиштето каде што градел Раднор затоа што тоа е дел од нивниот имот.

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeFreak: Diabolik Lovers OVA anime episode Full online free at https://animefreak.ws sites like animefreak

Website https://4anime.biz: Watch Lupin III: Dead or Alive (Dub) 4anime Episode Full 4anime anime

Gregory Horror Show: The Last Train (Dub) (https://animeheaven.pro/m/yv7Y) Episode 26

AnimeFLV Watch anime online, English anime online HD

Beamng: https://www.beamng.com/members/animeflixnl.443475/

Cuchi hochiminhcity: http://www.cuchi.hochiminhcity.gov.vn/Lists/Hoi_Dap_DB/DispForm.aspx?ID=2335