Џулија Робертс и Дензел Вашингтон, по 27 години, ќе се обидат заедно пак на филм

27 години по снимањето на хитот „Досието Пеликан“, холивудските ѕвезди Дензел Вашингтон и Џулија Робертс повторно ќе глумат заедно. Тие ќе играат во семејната драма на „Нетфликс“, „Остави го светот зад себе“, базирана на новиот роман на Руман Алам.

Сценарист на серијата ќе биде Сем Есмаил, авторот на хит-серијата „Господинот Робот“. Станува збор за приказна за две семејства што не се познаваат, но се принудени да бидат заедно по помрачувањето во Њујорк. Едното семејство се белци, другите Афроамериканци. Робертс ќе ја игра мајката од семејството што ја изнајмува куќата, а Вашингтон ќе го глуми сопственикот.

Scroll to Top