Додека Безос ужива со новата девојка, работниците во „Амазон“ штрајкуваат

Повеќе од 2000 работници во седум дистрибутивни центри на компанијата „Амазон“, ширум Германија, стапија во штрајк барајќи зголемување на платите, соопштиле од синдикатот „Верди“, со најава дека планираат да штрајкуваат два дена.

Штрајкот под мотото „Нема повеќе попуст на нашите заработки“, почнал во ноќта меѓу неделата и понеделникот, а се поклопил со „Ударниот ден“ на „Амазон“, ден кога американскиот онлајн малопродажен гигант, на своите претплатници на програмата „Прајм“ им нуди попусти.

„Додека „Амазон“ го популаризира „ловот на попусти“ на својот ударен ден, нудејќи големи попусти, вработените се лишени од заработката од која живеат“, изјавил експертот за молопродажба од синдикатот „Верди“, Орхан Акман.

Во „Амазон“ не го навеле точниот број на вработени кои почнале да штрајкуваат, но соопштиле дека штрајкот нема влијание на испораката на купците.

„Компанијата мора конечно да ги прифати колективните договори за платите за секторот на малопродажба и нарачка преку мејлови“, изјавил Акман.

Во „Верди“ исто така бараат колективните договори бидат обврзувачки во целиот малопродажен сектор во Германија.
„Универзалните обврзувачки колективни договори тогаш би се применувале и за „Амазон“, навел Акман.
„Амазон“ управува со 12 магацини во Германија, а вчера соопштиле дека оваа година планира да отвори уште еден, кој ќе донесе повеќе од 2800 работни места, со договори за работа на неопределено време.
Компанијата води долготрајна борба со синдикатите во Германија, кои бараат подобри плати и услови за работниците во локгистичките центри, пренесува „Ројтерс“ и додава дека синдикатите од 2013 година, се почесто организираат штрајкови.
Scroll to Top