Доли Партон двапати го одбила државниот Претседателски медал

 

Американската кантри-пејачка Доли Партон двапати го одбила државниот Претседателски медал понуден од администрацијата на Доналд Трамп.

„Првиот пат не можев да го примам затоа што мојот сопруг беше болен, а потоа повторно ме прашаа за тоа и тогаш не сакав да патувам поради Ковид-19“, објасни таа додавајќи дека оттогаш имала разговор и со претседателот Џо Бајден за наградата. Сега се чувствувам дека – ако ја земам, како да ќе се вмешам во политиката, па не сум баш сигурна, објаснува таа.

Таа додава дека не ѝ се битни наградите и не го прави тоа за слава. Во 2016 година нејзината Фондација „Доливуд“ им дарува 1.000 долари месечно на неколку стотици семејства во источен Тенеси, кои ги загубија своите домови во пожарите. Таа е позната по својата добротворна работа, па донира парични средства и за погодени од корона-кризата.

Scroll to Top