„Драга од ова не се враќаш“, Лијам Нисон им дозволил на лекарите да ја исклучат сопругата од апартите за живот

Холивудскиот актер Лијам Нисон во едно од своите интервјуа се потсетил на последните моменти кога ја загубил својата сопруга Наташа Ричардсон и кога им дозволил на лекарите да ја исклучат од апаратите кои ја одржувале во живот.

Нисон со Наташа бил во брак од 1994 година, а актерката во 2009 година во Канада доживеала незгода за време на скијање. Наташа во тие моменти не носела кацига на главата и се здобила со повреди кои на почетокот не изгледале сериозни.

Неколку часа подоцна сопругата на Нисон била префрлена во болница во Њујорк, каде починала на 46 годишна возраст, од последица на крварење во мозокот.

„Разговаравме по телефон и ми рече: „Драги, малку паднав на снегот“. Така таа тоа го сватила“, ги опишал Нисон моментите кога дознал дека неговата сопруга е повредена во несреќа при скијање.

„Стоев покрај нејзиниот кревет и иако не ме слушаше и реков дека ја сакам“, се присетува актерот.

„Драга од ова повеќе не се враќаш, силно ја удри главата. Ќе те вратиме во Њујорк, каде ќе ги собереме пријателите и семејството“, ги раскажал Нисон последните зборови кои и ги кажал на сопругата, која во тие моменти била приклучена на апаратите кои ја одржувале во живот.

Подоцна актерот вели дека им дал дозвола на лекарите да ја исклучат. Наташа и Лијам во бракот ги добија двајцата синови, 23 годишниот Мајкл и 22 годишниот Даниел.

Постариот Мајкл минатата година одлучил на својата мајка да и оддаде посебна почест, превземајќи го нејзиното презиме Ричардсон. Во моментите кога тој останал без својата мајка вели дека имал само 13 години и повеќе не се вика Мајкл Нисон, туку Мајкл Ричардсон.

Веста за смртта на Наташа Ричардсон била шок за голем број на нејзини обожаватели ширум светот. Од смрта на една од омилените британски актерки се прости и нејзиниот колега и стар и драг пријател Денис Квејд.

„Многумина беа потресени кога дознаа за тажната вест. Имаше љубов, брак со Лијам и двајца прекрасни синови. Секогаш беше насмеана кога ќе стигнеше на работа. Тоа го пренесуваше на сите околу себе. Беше прекрасна личност. Не само во актерско поле. Наташа беше вистинска дама. Некој со кого не беше тешко да се работи. Имаше сјајна смисла за хумор. Ја паметам како сјајна мајка на две деца, сјајна сопруга и пријателка“, изјавил Денис.

Scroll to Top