Деталите од разводот на Адел мора да останат во тајност

Пејачката Адел и нејзиниот сопруг Симон Конецки лани се  разведоа. Музичката ѕвезда се решила да упати барање до судот во Лос Анџелес   деталите од нивниот развод да останат во тајност.

Според неофицијални сознанија, Адел и Сајмон ќе го делат старателството над нивниот седумгодишен син Анџел.

Тоа што донекаде ѝ е познато на јавноста е дека нивниот развод ќе чини дури 170 милиони долари, како и тоа дека парот сака да ја забрза процедурата за крај на бракот, бидејќи не сакаат тој процес да трае со години.

Scroll to Top