Дуа Липа, по скандалот за голема Албанија, сними песна со Мадона

Пејачката Дуа Липа преку „Инстаграм“ се пофали дека има нова песна што ја снимила со поп-кралицата Мадона и легендарната раперка Миси Елиот. Песната ќе има промоција на 14 август. Тоа е, всушност, ремикс на нејзината песна Levitating, а ќе биде петти сингл од албумот Future Nostalgia, што го објави на почетокот на оваа година.

„Новиот сингл доаѓа на 14 август, снимив песна со моите идоли, соништата се остваруваат“, напиша Дуа Липа покрај сликата.

Таа изминатиов период беше во центарот на вниманието на јавноста кога објави карта на голема Албанија, а потоа предизвика и револт кога рече дека ајварот е албанско национално јадење. По овие неколку скандали, македонски хакери ја срушија нејзината веб-страница, заедно со страницата на Рита Ора, која имаше слични коментари за независноста на Косово.

Scroll to Top