Дуа Липа во холографски шорц на финалето на ЛШ

Во саботата вечер, финалето на Лигата на шампионите во Украина со шоу го отвори пејачката Дуа Липа.

Дваесет и двегодишната пејачка на сцената се појави облечена во холографски шорц и бел горен дел со деколте, тул и проѕирни ракави.

Англиската пејачка на нозете носеше бели патики за да може слободно да се движи во текот на настапот.

– Кога знаеш дека ќе настапиш пред милиони луѓе, мора да си сигурен дека го имаш вистинскиот аутфит. Ѕвездата изгледаше неверојатно. Оваа комбинација беше совршен микс од гламур и нешто забавно за спортски настан – коментира „Дејли мејл“.

Пејачката за време на своето шоу на отворањето на финалето на Лигата на шампионите изведе дел од своите хитови како „New Rules“,„One Kiss“, „No Lie“ и „Be the One“.

Дуа Липа деновиве е популарна и со своето модно партнерство со компанијата „Ниден“.

– Создавам облека што одразува сила и бестрашност, но и која одговара на брзината на денешницата. Звучи интересно, нели? – изјавила пејачката за нејзината нова линија.

Британски „Индипендент“ забележа дека некои нејзини обожавателки се лути затоа што лансирала линија на облека што одговара само на слаби девојки, според еден од нејзините твитови, што подоцна наводно бил избришан.

Дуа Липа е роденa на 22 август 1995 година во Лондон. Таа е англиска пејачка, текстописец и модел. Нејзината музичка кариера започнува на 14-годишна возраст, кога препејува песни од други уметници на „Јутјуб“. Во 2015 година потпиша со „Ворнер мјузик груп“ и набрзо потоа ја издаде својата прва песна.

Scroll to Top